Целиме кон милијарда долари размена меѓу Македонија и Турција

Bez autora
Feb 02 2012

Размената меѓу Македонија и Турција не е доволна и оти од сегашното ниво од околу 400 милиони американски долари треба да се оди чекор напред и да се работи да се достигне бројка од милијарда долари. Ова би се постигнало ако се искористат потенцијалите и традиционално длабоките пријателски односи меѓу Македонија и Турција, а неискористени можности има многу. Ова беше главниот впечаток од трговско-инвестицискиот форум во Измир, каде што владиниот економски тим ги презентираше предностите за инвестирање во Македонија. Повикувајќи ги бизнисмените да ја посетат Македонија и да се уверат во поволната бизнис клима, премиерот Никола Груевски потенцира дека Владата во континуитет работи на подобрување на бизнис-амбиентот и условите за работа за домашните и странски компании. Нашите цели, додаде тој, се забрзан економски раст, развој на приватниот сектор и отворање на нови работни места.

Целиме кон милијарда долари размена меѓу Македонија и ТурцијаРазмената меѓу Македонија и Турција не е доволна и оти од сегашното ниво од околу 400 милиони американски долари треба да се оди чекор напред и да се работи да се достигне бројка од милијарда долари.

Ова би се постигнало ако се искористат потенцијалите и традиционално длабоките пријателски односи меѓу Македонија и Турција, а неискористени можности има многу. Ова беше главниот впечаток од трговско-инвестицискиот форум во Измир, каде што владиниот економски тим ги презентираше предностите за инвестирање во Македонија, јави известувачот на МИА.

Повикувајќи ги бизнисмените да ја посетат Македонија и да се уверат во поволната бизнис клима, премиерот Никола Груевски потенцира дека Владата во континуитет работи на подобрување на бизнис-амбиентот и условите за работа за домашните и странски компании. Нашите цели, додаде тој, се забрзан економски раст, развој на приватниот сектор и отворање на нови работни места.

- Турција прерасна во регионална економска сила, изгради многу мостови меѓу цивилизациите и активно учествува во промовирање на глобалната стабилност и мирот. Република Турција несомнено е еден од најголемите сојузници на Република Македонија, за што сведочи безрезервната и недвосмислената поддршка која ни ја дававте во изминатите децении. Покрај длабоките традиционални, историски и културни врски, нас не поврзува и импресивната економска соработка, како и долгогодишната меѓусебна доверба меѓу турските и македонските бизнисмени и реформската посветеност на нашите влади - потенцира Груевски.

Според него важен импулс за зајакнување на билатералната трговска соработка секако е и склучениот Договор за слободна трговија и можностите што ги нуди Македонија за непречен пристап до пазар од над 650 милиони потрошувачи со склучените договори за слободна трговија со други земји.

Над стотина компании од Турција работат во Македонија, посочи министерот без ресор Хади Незир, нагласувајќи дека се водат и разговори со уште неколку и оти се надева дека наскоро ќе може да се објави кои се тие.

Она што може да понуди Македонија и зошто може да веруваат, како што истакна министерот за странски инвестиции Веле Самак, е демонстрираната политичка, економска, финансиска и монетарна стабилност. Според него, турските компании може да ја искористат Македонија како мост кон Европа под услови како европските, а со многу пониски трошоци.

Посетеноста и на овој форум беше масовна. Имаше околу 300 компании што работат во овој регион од повеќе сектори главно земјоделство, прехранбената индустрија, градежништво и дрвна индустрија. Економската презентација на Македонија, владиниот тим и премиерот Груевски ја продолжуваат со форум во Бурса, каде што и завршува посетата на Турција. Претходно владиниот тим ги претстави предностите за инвестирање пред стопанствениците во Истанбул, Кајсери, Коња и Газијантеп.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik